го (зам.) - почека (гл.)

Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Настапи пауза. Требаше Мишета да го почекаат да седне, да се размести на столот додека најпосле не се почувствува удобно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот пак мораше да го почека овој да му обрне внимание.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе го почекаме“, рекол судијата како ништо да не било.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седна на една маса скраја и го почека келнерот кој му пристапи на гостинот ставајќи ја десната нора на пречката од столицата пред него и левата рака на колкот на гостинот рамнодушно му рече: „Повелете!“ рече и ја сврте главата преку левото рамено гледајќи во гостите на масата на таа страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Куќарката беше местото каде гардистот вооружен со пушка му кажа на Александар да го почека својот школски другар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Каков автобус? Казна ли е ова? Дали згрешив што го избришав чевлите? – изнервирано се прашував, што беше забележано од младиот службеник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Наместо да продолжам со излагањето на своите американски впечатоци, сфаќам дека е попаметно да им ја возвратам насмевката на љубезните сопатнички и да го почекам оброкот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(...) Додека плаќав такси, го видов Џед како доаѓа со полна торба флуоросцентни цевки. Го почекав.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога ќе изгубеше трпение, по скалите се качуваше до чардачето за да го почека таму својот стопан во колак свиткан пред вратата од варосаното одајче.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа, кога тој ќе станеше од креветот, грифонот го следеше до вратата од бањата, таму седнуваше на задникот да го почека и се враќаше по него трпеливо чекајќи да се увери дека стопанот безбедно си легнал во својот кревет.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Застана пред вратата и го почека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ние децата се подготвувавме да одиме кон паркот, на последното големо видување со Чанга и со неговите кози, татко ми нѐ запре пред портата и ни рече да го почекаме, зашто и тој сакаше да дојде со нас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не знаеше дали станат, или седнат, да го почека продолжението на речта на Трим Тоска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)