Денес јазикот се преговара и означува низ комплексни протоколи коишто управуваат со идеолошкиот однос спрема дигиталниот текст.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ние го препознаваме Netscape, но го препознаваме ли и неговиот протокол за декодирање лиценциран од Јужноафричката Република? (Алтисер се превртува во гробот.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А лизуркото! Сега го препознавам. Тој е телохранителот, оној сатир на претседателот на Републиката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како што се приближувам кон човекот така сѐ повеќе го препознавам. Како да е тој, како да не е тој, ама тој ќе е.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
ПОРТРЕТ ПРЕД ПЕТ ВЕКА
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ова е миг на утринска збунетост: љубопитникот од толпата во Уфичи на едно од платата на Тицијан го препознава Че Гевара.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Оттогаш, небаре суртук од сурутка, доктор Миха се измени до толку што не го препознаваа ни сестрите кога влегуваше и излегуваше од кабинетот, а не пак пациентите што токму него го беа одбрале да ги лекува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го препознавам лицето на американскиот уредник.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Монах стои пред портите манастирски И гледа таму, отиде планините, отаде морето Минува Елена. Ѝ го препознава одот, Ѝ го слуша гласот и гледа Врз пладнето – сонцето ја запишува нејзината лика И ја остава пред него како икона.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Славејот го препознавам уште пред да ја зине устата да запее.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Човек нема ништо поважно од образот ако воопшто си го препознава“, рече тој.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А, пак, мелодрамата тврдоглаво одбива да го признае тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Било да се геј, било да не се, коментаторите од втората група припаѓаат на начин на гледање и на поврзување со филмот што го препознаваат како „камп“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби е стамена, но не е сериозна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, така, значењето што лезбијките и геј- мажите го препознаваат во нив е мошне различно.17
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е тоа што прави мелодрамата – кога се гледа од надмено стојалиште, небаре од положба на општествена повластеност и надмоќност – да излезе кампеста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако, кога се мери според аристократското мерило на класичната трагедија, мелодрамата не може да не потфрли во достигнувањето на достоинственоста што ја ужива трагедијата, таа не си го препознава неуспехот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Јас, како прво, не сум единствениот што ладно го доживува комплексот на бродвејскиот мјузикл и на операта, кој, неспорно, за голем број геј- мажи, е важна страна на културата“, пишува Адам, „но сепак го препознавам средишното место на кое упатува Милер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Му прилегаше осаменоста по која сите го препознаваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го препознавам гласот од Мирковиќ, нејасно од бучењето, ама го препознавам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му го чувствувам копнежот. Го препознавам.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Во мојот вознес на храбар и вешт дипломат го препознавав всушност микробот на амбицијата кој беше најмоќен и лесно го зафаќаше менталниот склоп на жртвата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се плашеше ли таа од него? Го беше ли сонувала веќе и сега го препознаваше?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Чана не го препознаваше гласот, а не се знаеше ни од кој вагон излегува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Оммм...“, шумот на реката се продлабочува, како да доаѓа оддолу, од клисурата на некоја планина и писателот веднаш го препознава гласот на жената на својот живот, кој се преплетува со гласовите на реката и таткото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
За сите нив и, особено за комшиите, тој стана писател. Разговорлив писател.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Утредента солуњаните на улица го препознаваа, се вртеа да се уверат дали навистина тој е тој и повеќепати поединци застануваа, му се загледуваа в лице и му велеа, Еј, синоќа ве видов на телевизија!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)