го (зам.) - префрла (гл.)

Имав мал проблем затоа што малото беше заспано, па онака, по пижами, во ќебенце го префрлав на задното седиште на прастариот модел од „Мицубиши колт“, силвер боја, а јас, по влечки и во пижама, модел над кој мораш да се замислиш, во смисла, „јали ќе легнува, јали ќе џогира“, пичев за да не ме чека детето пред фонтана во парк.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Видете го како решава крстозбор од стари весници, а нам токму тоа ни го префрла.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мене ми се случува еднаш на десет години, а вие сте манијаци по крстозборите – се бранеше татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Андреја го зема за рака Симон и му го префрла колачот нему.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја мразеше целата негова гардероба, посебно сината со пердуви исполнета јакна која Дејв ја имаше со години и ја носеше зимно време кога наутро го префрлаше Ренди до училиштето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оти од небото до земјата, од едната страна на светот до другата, од шарката на измамата до нив - никаде ни здив од вистинско ветре, за што сведочеа спокојните тревки крај пругата, а сепак мислиш дека местото е зафатено од огромна ветрушка што смука сѐ низ тесното грло и којзнае каде го префрла!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека малечкото ќумбенце буботеше со сите сили за да ги одбрани нив двете од студот, додека малечкото усте бледо ја осветлуваше просторијата, Чана го измолкна писмото од пазувата Мајко, ја глеј шо ми дујде уд Пелагија! и го префрла од рака во рака.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето од сликата закачена на ѕидот го префрла на таванот во собата, за да му свети и навечер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ху ха ха! не не знам како се викаше мисли Мерт или Морт но главна финта е што постојано го мачи тој зафркнат уд поголем и од оној на стариот Рахаб гледаш - што прави со него? не знам мислам го замотува околу ногата или го префрла преку рамото или такво нешто божеее! каков проблем е тоа! ете се обложувам дека скинал повеќе јадни девојчишта отколку што моево црвче ги наденало! еднаш тој дури - слушај! 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)