Меѓутоа, секој се бори за муштерија и прави сè да го придобие и со услугата, и со достапните цени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тие ќе му го разнесат мозокот на парчиња, пред да му го придобијат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Преку претставниците на озлогласениот режим, во секој миг, кога албанските собеседници се обидуваат да го понижат (или да го придобијат) во сугестивното присуство на нивните ликови, тој ќе открива извори на моќ да се противставува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сепак, најзначајни се петте синтагми кои ги опишуваат различните страни на односот меѓу идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тука Саркањац разликува идеологија за поединецот (која зборува за него), идеологија за поединецот (која му се нуди на поединецот, за да го придобие и да влијае на него), идеологија на поединецот (интернализирана, присвоена идеологија, со која поединецот се идентификува), идеологија во поединецот (идеолошкото знаење на поединецот), и идеологија според поединецот (“идеологијата дадена во и низ субјективната интерпретација на поединецот”).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А ако учителката Вера сега се преправа, колку да го придобие татко ми, а потоа ако се измени?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кочови успеале да го придобијат Абди-паша од Монастир“. „Тогаш изгледа почнале убиствата“, реков јас.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Кочовите се покажале поголеми крвници од родот Поцо, веројатно охрабрени и од ова за што зборуваш ти, од тоа што го придобиле на своја страна Абди-паша, кој долги години бил пријател на Никола.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кој знае, можеби и ќе се обидеше да го придобие за нивната цел.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Пред Орце да тргне за Македонија, тие решиле да го викнат и да го придобијат за своето дело Димитар Мечев, кој во тоа време работел во рудникот Перник.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во почетокот на 1902 година, враќајќи се од Женева, Орце решил да го придобие Мече за својот кружок.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, Револуционерната организација, во името на автономна Македонија успеала поголемиот дел од нашиот народ во Костурско, како и во целата земја, кој ја признавал религиозната власт на патријархот, да го придобие и да го вклучи во своите редови, што во Атина и во Фенер се сметало за крајно опасно по однос на великогрчките интереси.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Дека таа, со сета своја скромност, дури и некаква понизност, ќе го придобие.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Самата Марија не знаеше со што го придоби Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сигурно се плашеа, ако пак замине сам со неа, дека таа сосем ќе го придобие.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Употребува мои зборови за да го придобие - импресионира.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Може да се случи меѓу првите да загинам... Го определувам за свој заменик Онисифора Мечкојад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Напротив, со неговиот добродушен израз, со насмевката која бавно се прелеваше во благи движења на усните, во собирање на густите веѓи, тој успеваше да го придобие, смири, прифати другиот во помирлив разговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)