Но тој многу решително и неумоливо ги свитка коланите, го врза јажето за ловење и го закачи за седлото, ги врза кабаницата и капутот за задниот дел на седлото, а кожниот камшик го прицврсти за десниот зглоб.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го отвори капакот и педантно го крена замотаното црево и едниот негов крај го однесе до славината за вода, на која го прицврсти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Исто како што доаѓањето на Сем Галовеј на некој ранч, камп или куќичка меѓу реките Фрио или Браве дел Норте предизвикуваше радост, така неговото заминување предизвикуваше тага и мака.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сонуваше како Богдан слегува од скелето на зградата и доаѓа кај неа во куќарката за да ја повика да му го отвори станот за да го прицврсти скелето на прозорците или да ги заштити прозорците за да не ѝ се испрскаат при шприцањето на фасадата; потоа да се засолни од дожд, од студ, да побара чај, кафе - и кога таа ќе му дадеше и пијалак, тој се чувствуваше послободен; почнуваше разврзано да ѝ зборува, да ѝ ласка, да ја допира со раката при гестикулација, небаре случајно, а потоа и намерно, да влегува кај неа како во своја куќа и да води љубов со неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)