Меѓу нивните раце обгрнати околу малото теле, кравата го провре јазикот за да ја лиже својата нова рожба.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Беше јасно дека Татко, барајќи излез од лавиринтот на животот, често запиран на неговите меандри, мораше својот дух да го провре и низ тесниот премин на својата вавилонска библиотека.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Јас имам триесет и три години.“ Потоа седна на креветот спроти нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Да,“ рече жената и си го провре јазикот низ празнината каде што ѝ недостигаа предните заби.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Арно ама, без оглед каде и за што се водеше разговор, кога ќе наближеше крајот, кога неизбежно ќе дојдеше часот за збогување, обично во претсобјето, низ полузатворената врата, тој уште еднаш ќе го провреше своето бледо лице со живи црни очи и на главата на семејството, која прашањето со страв го чекаше, ќе ѝ речеше, небаре се работи за нешто сосем споредно: „Туку, можеш ли да ми...?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Овој пат низ нејзините подотворени усни тој го провре јазикот и со него ѝ пробуричка низ устата, по јазикот и по забите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)