го (зам.) - прогласи (гл.)

Отсуството на монтажата Ворхол го прогласува за практично.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кај Ворхол, када­ рот, секвенцата и ролната претставу­ваат идентични целини; тој доследно ја задржал секоја снимена сликичка, дури и деловите од филмот што се осветлени при проме­ната на лентата (со што јасно е обележан нејзиниот почеток и крај).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Инаку (како сме кохерентни) Маргина (во координација со Лифт, кој пак е некаков симстим!) го прогласува за отворен (мејл-арт) конкурсот за комплетен дизајн на нашата во постмодерна потполно одлепена држава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денес, на пример, информатиката, комуникацијата, трговската промоција ги придржуваат зборовите „концепт” и „креативност”, а тие „концептори” богами се една дрска дружба која чинот на продавањето го прогласува за врховна мисла на капитализмот, cogito на трговијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За да не го прогласат за первезно, петлето тврди дека е во врска само со едната.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Ако Бог не постои, а судот го прогласи дека не ебавал малолетнички, пред кого ќе одговара тој хоштаплер?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Марино го прогласува Петрарка за узор на кончетистичката уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Седумнаесет години откако ја вовел новата религија, фараонот умрел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се прашуваше зошто еден таков угледен човек би ја напуштил својата земја заедно со тие “доселени, културно заостанати дојденци”, и наоѓаше одговор: Мојсеј бил поклоник на првата монотеистичка религија, воспоставена од фараонот Ихнатон, кој во четиринаесеттиот век пред новата ера го забранил многубоштвото, со смртна закана спречувајќи го својот народ да им се поклонува на боговите во кои дотогаш верувал со милениуми, а за еден и единствен Бог го прогласил Атон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Крчма изградија. Крчмарот за игумен го прогласија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ИВАН: (Почекува малку, па продолжува.) Веќе седми ден чекам да го прогласиш за сомнителен и да побараш да го ликвидираме.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Пронаоѓајќи ја интелектуалната алатка наречена а бе ај да ги сврзиме празниците, слободното време го прогласивме за наша филозофија на живот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Од тогаш с¯ што се градело во това царство се градело високо со обични камења со златни камења.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогаш војниците решиле спасителот робот да го прогласат за цар и да тргнат да ги ослободат и другите робови и да го уништат лошиот цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пред некое време, го прогласија за руски државен шпион за време на суровиот комунизам, а потоа настанаа јавни мрежни расправии околу некои подметнати докази.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лут поради лошите критики 1920 пишува критики за сопственото дело под псевдонимот „Louis de Marsalle”. 1931 станува член на Пруската академија на уметност, но 1937 националсоцијалистите го исклучуваат и го прогласуваат за „деартизиран”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И покрај тоа што себе си се смета за „нордиски уметник” и пријател на владеачката идеологија, нацистите и него го прогласуваат за „деартизиран” и му забрануваат да слика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, според еден од блиските советници, Арафат бил готов да ја прифати резолуцијата 242 на ООН, значи правото на постоење на државата Израел...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Свикан во Алжир во ноќта меѓу 14 и 15 ноември 1988 година, Националниот совет на Палестина на кој тогаш присуствува и југословенски преставник, ќе ги прифати резолуциите на ООН, но и ќе го прогласи воспоставувањето на Палестинската држава со главен град светиот Ерусалим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мехмед со успех ги изведе сите тие борби, та Сулејман го прогласи за јаничарски ага, а тоа ќе рече заповедник на целиот јаничарски род војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мислам дека остана недоразрешено и она прашање: колкупати, откако се наоѓам овде кај доктор Пачев ме има посетувано Дуда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А подоцна најбесрамно го прогласуваат за единствено точен тој изместтен редослед на настаните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вечерта на свечениот собир глувците го прогласија Цивко за херој.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Пецета го прогласија за војвода, а Трајанка за баба Ѕвезда, жена во сите села наоколу прочуена по тоа што секогаш ги криела и ги хранела комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога умре Арилко, луѓето го прогласија за светец. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Судот е благ - го прогласува случајот за несреќен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради премногу долгата брада, го прогласи мажот на Ирис за политички неподобен и го затвори во самица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ататурк во своите историски дилеми сакаше бекташизмот да го прогласи за религија на државата, но подоцна се премисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде беше основана и последната Илирска Империја од страна на императорот Пирус Бардули во 385 година пред новата ера кој конечно ја обединил Илирија, а Скадар го прогласил за главен град.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А пак еден осамен, невидлив ут, си го прогласив за дворски шут.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Хилми-паша поставил стражи пред сите конзулати, само бугарското агенство го прогласил за безбедно и не поставил стража.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Властите, коишто и без тоа се сомневале во него и во неговите другари дека се членови на Организацијата, без двоумење можеле да го искористат тој факт и да го прогласат за член на Гемиџискиот кружок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така денес, утре веќе некое друго ќе биде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е мода: го прогласиле „Зизи топ”, за прва лига место за забава и сите млади таму навалуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)