Таа да не му е, топ не го разбива.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано“ — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели: — Море бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек? Ќе му се исуше!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Треперливо блеснува и наеднаш пораснува, исфрла нагоре искри и го разбива мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стана и влезе дома. Во топлата одаја го разбива мракот малендавото кандилце чие пламенче трепери пред ликот на Богородица - иконата стара што од памтивек виси во ќошот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А меѓу нив – трепери пламенчето, го разбива мракот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа ќе биде хотел. Имало долги расправии додека се дала дозвола да се гради овој објект, зашто со својата архитектура го разбива она старото и класичното на „Монпарнас“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Така тој разговори, траги коишто нема да ја има оваа апсолутистичка, можат да се следат теолошка позадина, но сепак ќе претставува мисловен експеримент и истражување кое го разбива логичкиот позитивизам.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
мрмор - корисник којшто се беси на BBS-от само затоа да ги навредува другите корисници и да го разбива континуитетот на разговорот во јавните соби со постојано гњавење и отекување (најголем непријател на cybercop-овите) Margina #19-20 [1995] | okno.mk 117
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Заеднички фактор за сите е 4/4 или 8/4 ритам, речиси воинствен, што го разбива черепот, што никогаш не паѓа под 170 децибели, а често е блиску до 210.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ди-џеите имаат имиња како Гизмо, Уиарду, Даркрејвер. . .
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кловнот долго се гледа. Едното око се полни со влага и го разбива огледалото во ситни кристали.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)