Ги сакам кујните, а домовите просто ги препознавам по кујните, по мирисот што така несебично го раздаваат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ја сакав, ја разбирав оваа Мајка која продолжуваше, во секој миг, во секој нов ден, да ни го раздава својот живот, да нѐ пресоздава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бидејќи големиот пазар не ѝ беше далеку, таа, како при катадневен ритуал, одеше да купува со два големи зембили, зеленчук, овошје, ориз, грав, брашно и многу други производи, од кои најмалку употребуваше самата таа, а другото повторно им го раздаваше на своите сиромашни соседи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)