Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Една превиткана хризантема под налетот на ветерчето, ја пика главата во вирчето како да се мие при што ја вознемирува мирната површина на водата и го раздробува парчето небо што се отсликува во неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тие, еднеците и доловите, (над кои, овде-онде, построени како мали војнички дружини во поход, се надвиснуваат врби и тополи) заедно со меѓите на нивните и бавчите, го раздробуваат дното на Потковицата и го прават тешко пристапно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)