Под калта и 'рѓата по лицето не можеше да го разликува бело или црно ќе биде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако сето ова можеш да го разликуваш во вечерните часови, во „Белжик жоаез“ тоа тешко ќе го сториш во часовите, кога мугрите ноќта од денот ја одделуваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сообраќајот, уличниот сообраќај, она движење што се одвива во Инстанбул со луксузни, патнички или товарни коли е поглавје само за себе, кое овој град го разликува од многу други.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И во сликите од ритуално миење на нозе и крштевање кои беа дел од перформансот во Базел и Дизелдорф во 1971, се открива Бојсовиот месијански карактер.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ако се чита меѓу редови, Арена сугерира каде би требало да го бараме она што Бојс го разликува од неговите колеги уметници од 60-тите; тоа е комплементарноста на неговите дела со темите на поствоениот христијански егзистенцијализам; Бојс непрекинато трагаше по некакви знаци на трансенденција среде таа негова необична опседнатост со смртта, и среде една несигурна ера.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И тој е надарен со физички (андрогин), темпорални (бесмртност) и духовни (свест) одлики што го разликуваат од обичните луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Родени таму каде што птиците клукаат аспирини, тие не го разликуваат живото од мртвото. Сѐ им е познато, што и да спомнеш. Твоите зборови се дожд што паѓа в море. (Пиштало)
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Моралот и пристојноста му беа вродени. Инстиктивно знаеше да го разликува доброто од лошото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога дојде на ова место, таа можеше да го разликува здравиот крик на сината сојка од гракањето на гавранот, или пак рапавото гракање на црвеношијката од пријателското чуруликање на чирилигата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тие единствени се повикани да кажат што е насликано со четка, а што со шпахла, но лаикот и со голо око го разликува сликарот од мачкачот, па ретко некој може да го разубеди во тоа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
4. Не бев способен да го разликувам просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)