Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Значи на претставата на која неволно птисуствував спомнатата ноќ доктор Пачев се појави на сцената за да му ја отсече со пила едната рака на заплетканиот атлетичар па неговото тело наеднаш се ослободи од замрсената положба а раката којзнае како се врати на своето место.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А можеби сметаше дека и тој не е повиканиот да го размрси она што мајка ми избегнуваше да го реши.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Можеби за истиов овој проблем мајка ти размислувала поинаку одошто ние.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)