И дај јајца, кокошки, алви, небарем од татка му чивлигот го расипуваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Мислам само дека го расипуваат кога ќе им ги врзат нозете заедно. Јас сакам да гледам како клоцаат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се зборува за дрогата како за зло кое полека се шири по светот, го расипува и валка... okno.mk | Margina #26-28 [1995] 42
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Само што тоа чувство ми го расипува сината светлина што се најавува да ми надојде.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како да се плашеше или двоумеше дали да навлезе во прикаската и тоа го нервираше, почна да се плаши дека сам си го расипува денот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како да ги избирале најздодевните книги за намерно да нѝ го расипуваат летниот распуст.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Размислувањата ми ги прекина доаѓањето на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оние и тоа му го расипуваа. Му го одземаа неговото сопствено доживување на Белата Долина и му тежеа со своето присуство, знаеше добро дека требаше да ги одврати и да не се согласи да дојдат со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа им го расипуваше празникот на среќавањата со градот, многумина веќе го мразеа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Немојте да ми го расипувате барем тоа, со ова ваше проклето убедување. Ајде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да... иде некој. Оф, господе, кој е сега што ми го расипува целиот план?!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
ВАСИЛКА: Антице, невесто, види ваму, јас не можам никого да го сторам лош и будала, ами ти на вујка ти не треба да му го расипуваш.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А Еди е вештер! Сношти силува еден скинхед!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета станува, од масата го зема шишето шампањско и му го расипува врз глава претходно симнувајќи му ја периката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А јас си мислам со мојот ум и си велам: сигурно е тој што ми окара мајка и ме нарече ебиветерко кога му реков да не го расипува детето давајќи му ситно дробено тутунче...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- му подвикна Нумо и ја подигна патерицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не сакаат да си го расипуваат спокојството, зашто неработењето за нив е спокојство.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А сето тоа и понатаму ни го расипува расположението.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А за жал, има луѓе што навистина ни го расипуваат расположението, ни го стемнуваат денот...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Оној Мартин како пува, воздухот го расипува!“ му велеа секому кој ќе наидеше додека тие излегуваа од лифтот, по што секогаш одекнуваше смеење низ ходникот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Резултат на тоа треба да биде доаѓањето до рамнината на секојдневниот живот, до тоа животот да не ни го расипува интересирањето и влегувањето на другите луѓе и нешта во нас, како што постојано и се случува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Облаците го расипуваат нашето, европско небо.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)