Добил тој благослов од логотетот да го растолкува иниот запис од книгата, а кога добил налог таков, му рекол на царот: „Твојот благослов за мене значи смрт на земјава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се обидуваше на најпрост начин да ми ги објасни причините за нивното постоење, но потоа мораше да ми го растолкува главното прашање за постоењето на Бога, во тие матни времиња на полу-атеизација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не знаете дека пред многу години, Граматик Граматик влегол во одајата со тајниот запис, за да го растолкува и проклетството да го укине, да го симне печатот на судбината од нас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Можеби потоа, на книга втора кога ќе се стави, умножение, а не извор кога ќе биде, писмото ќе го изгуби отровното дејство, и некој друг, поумен и повешт од мене, ќе може да го растолкува.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бараше од мене арамија да бидам, разбојник, крадец, затоа што се плашеше дека Филозофот е викнат кај нас за да го растолкува записот од одајата, и не сакаше ливчињата на таткото негов, од чија плот и семе беше роден, во туѓи раце да паднат и слава на друг да му донесат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Те молам: пушти ме во одајата на прокобата и јас ќе видам: ќе прочитам, ќе го растолкувам напишаното и мирот во тебе ќе се всели, и во твоето царство.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)