Купувајќи си место во јавните простори, комерцијални интереси се закануваат да го сведат производството на значење во јавната арена на едностран проток на информации, трансформирајќи ги граѓаните во пасивни примачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Казимир Ешмид тоа трескавично чувство за време на таа генерација го сведе на формулата: „Нивното чувство се развиваше неограничено.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
1. Насетување на бескрајот
Кога ќе надојде плимата ко висок крвен притисок
ќе го намамат да продре во копното
ко во жедно грло, похотлив утерус
да се исцица, да испари, да потоне
ќе дотурат маја
да престаса, да прекисне, да претече
ќе го сведат на стогови солени зрнца
она кое било несводлив нескротлив
промискуитетен бескрај
маслото од макеницата истапкана од брановите
кревките ластери на лилјаните
белузлавите маркери
растворените минерали, миризливата пареа
флуидната пена, млечните заби
лижавчињата, ларвите, планктоните...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Гемиџиите не сакале невини жртви и сториле сѐ што можеле тој број да го сведат на минимум.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
“163
Вдахновената крилатица на Прајор духовито ја олабавува потенцијално штетната средба така што истовремено ги прифаќа и ги отфрла геј-стереотипите, оспорувајќи им ја моќта да го напикаат во некаков калап, да го сведат, тривијализираат и да го направат егзотичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)