го (зам.) - симнува (гл.)

И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Преку дворните места на имотскиот живеалишни куќи и низ Западна Порта излегуваат во оградите и низ бавчите, прегазувајќи ја Голема Вода, се завкачуваат спрема Коритница, сè со вјасање - Максим за чекор понапред од Васила и од Карамана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа не го симнува погледот од Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувствуваше навечер, кога се прибираше во колибата, како му тежи уште „самарчето“, на грбот, како воопшто да не го симнувал...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го симнува скафандерот и Месечината веќе трча заедно со неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Првин ми се обрати мене, небаре јас му бев постојана цел: - Не го симнувате погледот од бункерите?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. не го симнува погледот од мене. Сигурно диригира и со овој дел од гостопримството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред црквата го запреа коњот и почнаа да го симнуваат човекот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во неговите неми инструкции имаше некој толку силен авторитет што дојденецот воопшто не се замисли, туку по некој послушен автоматизам, со тешки и спори движења почна да го симнува ременот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се движеше тешко и некако некоординирано, па тој тешко тресна на подот од штици, а по него треснаа и редениците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во муграта се растураа чекори во собата. Жилеста рака го симнуваше фенерот од бруќето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рицман е силен. Го симнува кловновскиот минијатурен цилиндар од своето голо теме и вади од него многу шишиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Е сега, таа беше градена врз темели на рисјанска црква, па долго време, за турски резил, крстот се појавуваше врз градбата, та низамите изутрина го симнуваа, иако тој ноќе пак се појавуваше - но и тоа би и помина, зар не?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Подоцна ќе дојде Боге од Бањи – рече Даскалов додека го симнуваше ранецот од рамото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа воздивна но беше очигледно дека воздишкава не искажуваше премореност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другата ми рече дека сум најубавото, најсилното и најпаметното момче во одделението и праша дали ми се допаѓа, а третата, кога и да ѝ се обратам, се збунува, се смешка, се вцрвува во образите и погледот не го симнува од мене.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЛУКОВ: (И покрај одговорот на Методи не го симнува револверот.) Што ти рече?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сега Тате слета во Спрингфилд, сега е на пистата, сега ги потпишува документите, сега е во хеликоптерот, сега е над реката, сега е над ридот, еве, го симнува хеликоптерот на малиот аеродром, тука во Грин Вилиџ ...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- ме праша директорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас погледнав во претсобјето и успокоено соопштив: - Некое шугаво старче си го симнува палтото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)