Немаше час, немаше ден да не го скорне Дудан: - Ајде Дудан читај; ајде Дудан сметај, ајде Дудан рецитирај.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Навистина, сѐ уште не го скорнале сиот снег од Потковицата, сѐ уште се белее на Чауле, на Самовилец, во усоите и негдегоде низ орманот, но небото се отвори, земјата затреви и замириса воздухот, па уште од раното оживува полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)