Она што Јакобсон овде го кажува е прифатено од Жорж Мунен, француски теоретичар, кој преведувањето го согледува како низа операции чие поаѓалиште и краен продукт се значења и функции во рамките на една дадена култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во судирите и падовите на империите најасно го согледуваше трагизмот на балканските народи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но што беше она на што сега мислев и бев уверен дека не само го согледувам туку и дека можам, да го изразам со зборови, да го запаметам како кажување. Ебати бељата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
НАЦА: (Ја придржува.) Леле, чорбаџике...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: (Доаѓа од лево и кога го согледува Теодос, го надувува неодолив смев.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
КЕВА: (Дури сега го согледува ножот и премира од страв.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Што се дуеш како сурлаџија, бре едепсас!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
АНТИЦА: (кога го чу гласот на Илија, се позавртува несигурно и кога го согледува, му се фрла на гради).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Публиката мораше да избере дали да им се приклучи на оние што чекаа ред или да остане на своите места гледајќи ги оние што го проучуваа цервиксот на Ани.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но сеедно дали некој избрал да му се приклучи на редот или да си остане во седиштето, секој имаше шанса да си го согледува сопствениот избор...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сите повеќе- помалку беа свесни за присуството на жената (проклета да е, ги задржа!), единствено Мартин вистински го согледува - во себе - целокупното нејзино присуство додека лифтот пак тргнува грабајќи угоре.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во истиот момент го согледува револверот од Фезлиев врз масата. Се стрчува и го зема. Го управува во Фезлиев.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)