го (зам.) - создаде (гл.)

Во моментот кога ќе се открие нешто сомнително, тој има дозвола да ја прекине музиката и да го објави тоа, советувајќи ги луѓето да го идентификуваат и да го исфрлат дилерот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Враќајќи се кон масите на Safe House, имав среќа да налетам на Франц, човекот кој го создаде киселинскиот тест за Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Писмото на Константин - Кирил Философ Како и да е, првото токму словен­ско писмо, кое прецизно ги одразува и ги бележи со особени знаци фонет­ските вредности на словенскиот јазик го создал Константин (во монаштво Кирил, 826/827-869), во текот на своите подготовки за Моравската мисија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не е популарно, но Бог го создал светот заради својата слава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За Бога било доволно да насети дека би постоела барем трошка светост, барем трошка обожување, за да го создаде светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дента кога си одевме од Будимпешта напуштајќи го малиот свет што ние го создадовме во станот на Еца каде што беа сите предци и потомци на дедо ми Митре, Слобода не се појави на железничката станица (Западна страна) која беше оддалечена стотина метри од зградата на Еца!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Има некаква смисла во тоа дека било која симулација прави нештата кои што всушност не се да изгледаат реални.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Виртуелната игра комбинира направа што ја следи главата, ракавици и компјутерска анимација за да го создаде „ефектот” на нашите сетила за „ентитетите” што се движат околу нас но кои „не се всушност реални”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„У калика“, („на една чашка“) е прашка знаменитост. Во салите на овој расторан чешкиот писател Јарослав Хашек го создал „добриот војник Швејк“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ подземјето на оваа кафеана, каде што се сместени просториите за ручање и пиварницата, луѓето најчесто го бараат она место, оној стол, она кафеанче каде што Гете го создал „Фауст“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уметникот, кога го создал ова дело, имал само 29 години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговиот став е повеќе креационистички отколку анти-интелектуалистички; тој сонува за тоа, како што, се чини, сугерира расказот „Ја гледаш ли месечината?“, одново да го создаде светот - па дури и неговиот израз да мора да биде сведен на реченица, којашто е „човечка творба, не баш она што го посакувавме, се разбира, но сепак човекова конструкција, структура што треба да се цени поради нејзината кревкост, наспроти цврстината на каменот“. ***
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вратата на лифтот се затвора. 11 Овде во овој лифт, мојот лифт, којшто јас го создадов, јас го придвижив, јас го осудив на пропаст, јас, Мартин, ја прогласувам својата семоќ!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму врз тие поставки современата наука и техника ја побудија индустриската револуција и на крајот го создадоа дигиталниот изглед.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Лечејќи ги ноќните несоници, мајка ѝ по лекарска препорака почна да зема валеријана, а таа по сопствено наоѓање го создаде ритуалот со трите вечерни чашки коњак.  Во тој стек на околности, особено како што времето заробено во новите односи и навики споро истекуваше, приликите губеа од романтичната сила дури и без споредба со врската меѓу Хана и Леон за која ѝ зборуваше мајка ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Велимир Владимирович Хлебников (1885-1922), на пример, сакаше одново да го создаде универзалниот прајазик, токму како што Јаков Беме сакаше да го создаде јазикот на Адам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Атанасиус Кирхер го создал првото практично употребливо кодирано писмо во своето дело Polygraphia nova et universalis (1663) и таа книга и денес е една од најбараните на тој неуморен германски исусовец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зашто она што ја истоштува душата на создавачот ја пренебрегнува душата на читателот ако притоа не го создаде сопственото исцедување во миговите на контактите со овие песни.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Човекот го создаде компјутерот, а компјутерот го оддалечи човекот од природата и го принуди да живее во илузија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Животот и книгите ме учеа на вистината дека никој нема доволно моќ да го создаде правото, ниту да го наложи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но овојбеше свесен за историската задача што ја имаше и неа ја чувствуваше како мисија, од идеолошко-утопискиот режим, да го создаде првиот народен социјалистички суд на овој дел од Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Извадено од зоната на свеста на видот што го создал тоа дело уметничкото дело го губи својот контекст и станува суперезотеричен систем затворен во себе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во исто време, Ботеро е нашиот последен класик или, можеби, првиот класик на новиот свет затоа што тој среќно го создаде јазикот во кој техничката и уметничка основа се проникнуваат, создавајќи го чувството на бесконечна леснотија на формата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е всушност сонот на дебилните статистики, дека со исцрпување на веројатностите една по една, ќе стасаме да го создадеме ХАМЛЕТ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во занесот да го создадете најубавото Не заборававте на полезноста О стари мајстори Го вградивте во мостот и кременот (Огнениот череп на Кралот од каменото доба).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оној што го создал тоа суштество, со умешност на јувелир, во главата му сместил два полирани и блескави скапоцени камења, со магнетна моќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беше добро име. Едноставно. Така се викал и првиот маж што го создал Господ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Црниот човек, ако навистина постои, не можел да го создаде никој друг освен самиот човек.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Излегуваше, така дека Писмородецот си заградил дел од светот што го создал Господ и рекол: еве, со ова ќе живеете, и ништо друго за што јас не сум родил буква веќе не постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И дека Господ согрешил што светот од збор го создал, оти требал од гласови да го сочини?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Па ако гласовите поважни се од зборовите, а ако Господ, создавајќи го светот од зборови, всушност го создал светот од помалку важни нешта, зарем тој не согрешил уште на почетокот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
До почетокот на времето, Словото беше во Бога; во почетокот на времето Словото го создаде светот, среде времето, Словото се оваплоти заради спасението ваше, а на крајот од времето – оваплотеното слово, Богочовекот Исус Христос ќе ви суди за делата и неделата ваши и ќе остане, како и до создавањето на светот – вечност.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но зарем Господ не го создаде светот од зборови, а не од гласови?“, рече Стефан Лествичникот. „Сосема верно“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ова секако не е истиот начин на размислување што го создаде проблемот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Предвидливоста (на исклучоците) ја поткопува непредвидливоста (во врска со исклучоците) додека во исто време непредвидливоста (на разголувањето) ја поткопува предвидливоста (во врска со разголувањето).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Може отворено да повикува на чувствата на својата публика, а нејзините глумци можат да си ги тргнат сите стеги за да го создадат посакуваното сентиментално дејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Зрнцето песок, нашата угнетеност, што ја дразнеше геј-фантазијата да го создаде бисерот на кампот, сега е измиено“, објаснува Харис, „а со тоа дојде и до длабоко разводнување на некогаш концентрираниот геј-сензибилитет“.141 Слични аргументи се изнесувале и за дрегот, при што се нагласувала неговата застареност и му се предвидувало брзо исчезнување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата може да ја бара повластеноста што обично е резервирана за дивите: може да си биде жестоко театрална колку што си сака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата книга за културната историја на „жените што го создадоа Холивуд“, тој со неколку брзи потези ја исцртува состојбата во која се нашла Крафорд во доцниот период од кариерата и создава слика богата со импликации за прашањата што се обидуваме да ги одговориме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мора да се ограничува на поставување емоции што никогаш не се претерани, што се строго и целосно побудени, што не испуштаат ни најбледичко зракче сентименталност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, мелодрамата може да си дозволи да ѝ дава предност на изведбата, да му дава првенство на одигрувањето интензивна емоција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби Господ намерно го создаде бесчеден, полесно да се отуѓи од сè освен од кревката одбрана на мислата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Децата на Роза и Марие беа мртви, а единствениот остаток од семејството кое не го создадов беше една избледена крвава трага на ѕидот до мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној кој не верува дека душата е вечна, може да се надева дека сепак нешто од него ќе преживее, дека со нешто ќе ја надживее смртта: со она што го создал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајките го создале тој непишан закон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А може да создаде дела или деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога започнал патријархатот, татковците го продолжиле обичајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Која рака го создаде ова непознато битие, кое во животот не сум го видел?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Која сила низ мојата рака го создаде ова невидено дело, оваа чудесна убавина?“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можам искрено да Ви речам, пријателе драг, дека мноштво луѓе (познавачи, љубители, критичари, сликари и др.) со редици доаѓаа и се одушевуваа на она што сте го создале вие.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скулпторот остана сам крај својата скулптура, среќен и горд на она што го создаде, на своето пресоздадено Јас, изрежано во снегот до совршеност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го подзедовме здивот на првите мајстори и нивното ухание и го создадовме тоа на кого многумина ни оддаваат признание.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не заборавајте дека Господ светот го создаде од чуда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со тоа, велат познавачите на неговото дело, писателот не апелира како Русо да се вратиме кон природата, туку само потсетува, па ќе напише „Светот што го создал човекот, исто така, е природен“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Светот што го создал човекот, исто така, е природен“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе имаат ли доблест некои од нашите творци за некое од изнедрените дела, некогаш да кажат дека не било начинето согласно законот, всушност, дека го создале прикривајќи се?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, го создаде улав и килав, и ние, дружината со двоколки, го зграпчивме и го обесивме, повисок да е и со теме поблизок до небото, сепак, жеден и гладен, со подаден јазик кон земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отидоа. И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, навистина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И децата му се радуваа на тоа градинче што го создадоа на еден балкон од една голема зграда, какви што ги има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, но во коишто живеат многу деца - што сакаат цветни градинки, пчелки и пеперуги.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Не му требаше многу, од Задругата, што ја сонуваше тој, Змејко, оној таму да го создаде овој свој пекол.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Рада проба да го пронајде излезот од ќор-сокакот, да излезе од лавиринтот кој самата го создаде.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не умееш да направиш нешто, а го урнуваш она што другите го создале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сонот за спокојство, за љубов, за мила и драга блискост што си го создаде за ова семејство и во кој и самиот уживаше, ќе се распрсне ако жената, крадешкум, во темнината е излезена на прозорецот поради еден странец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако и човекот и жената избегнуваа да им се сретнат погледите и самите пред себе се преправаа дека без некоја определена намера стојат крај прозорецот, и двајцата, така налактени еден спроти друг, трепереа од некое непознато исчекување, исплашени од убавината со која зрачеше оваа средба во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уживав во тие дела, но не можев да живеам од нив; право зборувајќи, не ни уживав во потполност, бидејќи се ужива само во она што може да се создаде, а ако во себе виртуелно ја носам моќта да се напише Береника, јас ја немам моќта да го создадам Воскресението.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, правоаголникот во Tu m' им е соседен и на раката што покажува, како пародија на божјата рака на Микеланџеловата „Создавање на Адам” и на trompe lќoeil процепот кој верувам, е симбол за бесконечноста и четвртата димензија. (Бидејќи го покажува мрачниот простор зад платното, симболиката е многу силна: ако гледате во сликата како во светот што го создал уметникот, просторот зад него може да се смета за друг свет, друга димензија).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Шеташе со очите низ неа и се загледуваше во цвеќињата и дрвјата, во прекрасната глетка, како господ во мигот кога си го создал светот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нема познато јадење во светот што опстанало кај многу народи што го следи митот што го создал човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И јадењето имам бајалди има своја легенда...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас заради вистината, проклет да бидам, заради вистината, - ќе почнам од почетокот како што е по ред, како што господ го создал нашиот убав свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мислевме дека е најјак човек на светот. „Сеедно, господ го создал светот за шест дни.“ Ех, Каине и Авеле... *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во борбата против модерниот свет на униформирањето, постмодерната има задача да овозможи осознавање на неструктуираното, да го создаде сѐ уште невиденото, да ги обликува објектите во духот на настаните.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој го доживеа падот на Австро-Унгарската и на Отоманската империја, провлекувајќи го низ нив своето откорнатичко семејство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мене ми преостануваше да го создадам и провлечам моето семејство низ падот на малата империја Југославија, која беше и рожба на двете големи паднати империи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А може ли да биде сигурен, кога ќе дојде нивното време, дека светот што ќе го создадат тие нема да биде исто толку ненаклонет кон него, Винстон Смит, колку што е ненаклонет светот на Партијата?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега вечно ќе лежи над Долнец, само што не ќе го гледа азурот на езерото што самиот го создаде, со некоја своја темна енергија и внатрешна присила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Избегала... Та го создала Белоно Езеро. Ама и таму водата не се скротила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Не го создал Бог прво еврејскиот јазик, ниту римскиот, ниту грчкиот, туку сирискиот на кој што зборувал Адам, и од Адама до потопот кога Бог ги разделил јазиците при вавилонската кула*: „Размешани беа јазиците.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Органски молекул во лабораторија не може да се создаде, не можеш ти за кусо време да го создадеш она за што на природата ѝ требало милијарда години, му велеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Те гледам каде што се мачиш и размислувам: како може човек да го создаде она од кое тој е создаден...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најдобри објаснувања за виртуалната стварност може да ни даде секако Jaron Lanier, wiz- ard (хакерски термин за некој што го владее подрачјето до најмал детаљ), пронаоѓач и водечка личност во VPL Research Inc. претпријатието, коешто прво го создаде комерцијалниот модел на ВР и со тоа ја приближи на широкиот круг на корисници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од Италија, каде го создал Бартоломео Кристофори, идејата за пијано-форте се раширила надалеку.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пресветло Величество! Понизно му посветувам на Вашето Величество една музичка понадица, од која најблагородниот дел го создаде пресветлата рака на Вашето Височество.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И додека слободарскиот Лос Анџелес тоне во својот мирен сон за којшто животот го положија најдобрите синови на неговите народи и народности, месечевите зраци нежно паѓаат на камените плочи на холивудските гробишта, откривајќи ги имињата на некогаш живите луѓе што тој сон го создале: Рудолф Валентино, Џејн Мејнсфилд, Даглас Фербанкс, Мел Бланк, Питер Лоре, Сесил Б. де Мил...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На Бог му пркосат, клеветат и мамат горделиви среброљупци со суети полни грабаат плодови и шејтанот го слават болни од алчност, подмолни и злобни Вавилонци бдеат над мрачното небо морално да нѐ осакатат и збришат но пирејот нема намера да згасне Господ го создал да живее вечно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Била свесна дека, ако не се прифати оваа вистина во животот, таа тешко би можела да го создаде, да го извиши, да го спаси своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отец Иларион, помолчувајќи извесно време, како што имаше обичај, рече: - Господ првин го создал небото, па земјата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Небото е создадено по создавањето на земјата... Го создал по лика и прилика нејзина...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му го доверуваше големото богатство, единственото што го создаде во животот - колекцијата на илјада обработени примероци од флората и фауната, вистината на Езерото, да ги доварди во времињата што идеа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој живееше два, три животи во еден. Го создаде музејот на животот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Брус Такер ќе го создаде Д.З.В.Н.Х.В.У.: Друштвото за враќање на хуморот во уметноста. (S.F.P.B.I.A.: Society for Putting Humour Back Into Art).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во привидот на разбрануваната вода, веднаш зад грбот на Лев Петрович; во необјаснивото видение што и овојпат го создаде завесата и прекривачот на каучот, наеднаш го видов Адам, како силуета, и штотуку разбуден.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие се сврзале во групи и го создале првото тело.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сер Мајкл Болкон е човек што го создаде Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А ним во секое време ќе им биде вратата отворена, ќе си доаѓаат со мажите кога ќе сакаат кај него, дечињата ќе им трчаат по брегот, ќе берат овоштија, цвеќиња, ќе уживаат и ќе слушаат за својот дедо што сево ова го создал со голем труд и мака...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој го создал светот, тој го создал човекот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сега езерото повторно ни го обновува него, ни го враќа како предмет и бара некој да го создаде...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само едно прашање го измачуваше: како Бог го создал овој свет?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Слушајте го ова. Некој клинец во Лос Ангелес наполнил 15 години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За балетскиот ансамбл на Марс Канингем, со кого во почетокот на 40-те започна долгогодишна соработка, Кејџ ги создаде Имагинативен пејсаж бр.2 (1942) и Имагинативен пејсаж бр.3 (1942) во кои го продолжи испитувањето на некои можности на електроакустичната музика “во живо”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа првобитна интуитивна наклонетост подоцна прерасна во вистинска страст и стана дел и начин на Кејџовиот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Единствениот и вистинскиот законит “Син на Човекот” со една рака ќе го излечи момчевиот трипер - и тоа само со допир, народе - а со другата рака ќе го создаде чудото наречено марихуана, додека оди по вода и прска вино од задникот...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секоја генерација има лажни пророци но и верни слуги, но сите сме свдеоци на реалните настани и нема повеќе криенки со камуфлирани вистини, времето на послужавник ни ги сервира мрачните приказни за гладот, сиромаштијата, за уништувањето на тоа што сами го создадовме, за масакрот од војните, за братоубиството, за смрта, за осакатените војници, за натажените вдовици и мајки, за децата кои останале без родители кои боси, валкани во парталава облека питаат по улиците, транваите и железничките станици и спијат под мостовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И покрај сите напори на контролираната граница да го создаде националниот простор како мирен, безбеден и домашен, секогаш постои инхерентно чувство на несигурност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистина е дека во Времето на козите, на еден посебен начин, се раскажува за уништувањето на козите во Југославија кон крајот на 40-тите и 50-тите години, за мачните егзодуси на илјадници селани кон кревките градови, за да го создадат новиот човек.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И ќе се случи овој исклучителен човек и оваа исклучителна жена да имаат син меѓу нивните деца, кој ќе може да го почувствува и да го пренесе со толку голема суптилност и длабочина овој речиси сакрален простор што тие успеале да го создадат среде силните немири на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја загнезди судбината на брегот на Езерото со семејството што го создаде.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој знае како Господ го создал Небото и Земјата?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)