Крвта в жили се смрзнува, протокот нејзин од никаде, со ништо, а сепак некој го сопира.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
- Ве разбирам, генерале - рече офицерот. - Дадени се сите неопходни наредби ниту една патрола да не го сопира нашето возило.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На патот кон канцелариите на југословенските градежници, една верверичка го сопираше вниманието на секој минувач.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но нешто длабоко во него го сопираше, и не можеше да му се спротивстави.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Еве го! Го најдов доаѓам! –возбуден Кире довикна, зашто стравот гласот му го сопираше, го стегна в грло нешто горчливо...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Цело време бев покрај тебе. ќе дотечеше една инфузија, го сопирав регулаторчето и ќе ти ја ставев другата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
(Растура мебел како во нервен напад. Нове поаѓа на него. Кристина го сопира.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Новиот претседател на Советот Бенјамин Нетанјаху ќе гласа против договорите од Осло во Кнесетот, со поддршката на доселениците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нетанјаху не ги прекинува преговорите, но тие замрзнуваат и упорно го сопира нивниот тек.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но книгите го сопираа татко ми да донесува брзи одлуки во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми го сопираше, му велеше дека пред да стигне до клучните луѓе, ќе се изгуби во пајажината на помалите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Иван гледаше во една мравка што лазеше крај неговата рака и со сува тревка ѝ го сопираше патот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
А страста незауздана и силниот копнеж, по телесни уживања, тој го сопираше вешто со трезвеноста своја.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)