„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А само чекор понатаму од мене на сите страни се шири до бескрај една ливада, едно зеленило, едно шаренило што можат да го сочинат сите цветови на светот и воздухот е толку чист, просто му ги гледам кристалите како пукаат низ него и го прават сѐ побогат и така што дишењето таму е толку слободно и длабоко.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И најпрвин го сочини потписот, и веднаш го растолмачи, го разбра, и рече дека сочинител на тоа писмо е некојси цар персиски, Дариј што се викал.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некои дури велеа дека писмото го сочинили со своја рака самиот Соломон, и дека таа книга ја нашол некој од предците на нашите цареви, и ја донесол тука, од почит кон царот Соломон.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сте забележале ли, о бедни и блажени духом, дека пајакот е најмалку видливиот дел од мрежата негова, дека и тој, како и создателот е невидлив, а видлив е светот што го сочинил?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И дека Господ согрешил што светот од збор го создал, оти требал од гласови да го сочини?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И додека тој се шеташе горе-долу по одајата, јас прашав: „Можно ли е отец Мида погрешно да го сочинил преписот?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Затоа Господ Седржителот мудро постапил кога го сочинил несовршениот свет од несовршени делови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но умот и знаењата без верба во Бога се само несреќа; оти што има лошо во тоа ако Господ, знаејќи дека гласовите се посовршени од зборовите, решил светот земен да го сочини од зборови?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)