го (зам.) - спреми (гл.)

Доста го спреми девојчето дури Митра се промени, го наполни белиот ѓум топла вода, и ѝ го даде на Гуца Митрина да го носи до црква, та тргнаа трите „мили“ роднини за закон божи — в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дома Спасија, жена му, го спремила веќе ручекот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јас верувам“, рече Владе, „дека под она ’беше фрлен скраја...’, Нико Кочо мисли на тоа дека Никола не бил закопан според желбата и достоинството што самиот сметал дека го има, тоест во гробот што уште за животе самиот си го спремил до олтарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Белким нема и мојот гроб што го спремив да остане празен?“, реков со иронија јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, одиме на Нови Години во ресторани, фрламе пари за прослави по кафичи и таму јадиме мезе кое го спремила женската на келнерот, се пијаниме ко гојда, а на полноќ палиме петарди како недоветни.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Му се јавив на Методија од Стрелеско да го спреми тракторот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кој е со мене нека дигне рака и нека стори гајрет за последен пат, нека го спреми оружјето; барем да ги продадеме кожите поскапо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега ништо нема, смртта сосем ја очисти, Го променав девојчето, го спремив за да го испратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)