Пред да заспие Лобо успеа да промрмори дека тој џган личел на црниот Фреди Кригер, но овој наместо ножеви на прстите имал курови!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Просто како да го средил торпедо! Торпедо кој со лисици му ги врзал рацете за кревет!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Елена брзо ги „смота“ јаготките и почна да му помага на татка си да го среди шаторот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
При тие напори чувствуваат дека сите обиди се попусти, дека не можат да го најдат ни сопственото место во времето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои од тие луѓе се обидуваат да го средат времето, да распоредат кога што било, и што било пред а што било потоа, и што било некогаш одамна, а што неодамна, и што веќе било, а што допрва можеби ќе биде, и што навистина било, а што не било.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега јас сето тоа ќе ви го средам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Докторката вели: - Ова е операционата маса. Ова е скалпел. Ова е вашиот јачмен.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тогаш тие и се ограничуваа да го средат барем само она, што беше околу нив, барем што беше во нив, а она другото го мавнуваа .
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дел од куќата, кој го среди по сопствен вкус.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Г-ѓа Парсонс гледаше беспомошно. „Се разбира, да беше Том дома тој ќе го средеше за час“, рече таа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Немерен ќотек јаде рајата за ништо, иако таа нам ни треба и без неа сме за никаде во најтешките и најгнасните работи. Ама, кој да го среди тоа?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сакаше да верува дека убаво можеа да го средат животот... ако не дојдеа во оваа несреќна куќа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога прасето го средија и испекоа месо за јадење, седнаа сите да јадат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Во еден период, побарав од Мајка да ми го средат тоа сопче и јас тука да учам и да си ги чувам своите книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Аквариумот го средив како сон. Го накитив со украсни билки.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Точно е дека ништо не видов, но точно е и тоа дека можев да се досетам подобро од секој друг како дошло до несреќата и кој го испратил тој луд Ракоткин да го среди нашиот Ролан Јаковлјевич! И која била причината!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ете, таквите, веројатно можат да си го средат и својот живот но и животот на другите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се договорија најпрвин да го средат ентериерот - внатрешните цвеќиња, а потоа и во дворот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И кога го средил светот, кога и едноокиот Џо го убил.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Канцеларијата на Координаторот за информациите ја претставува првата мирновременска, национална, разузнавачка организација што била надвор од рамките на Министерствата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На 11 јули 1941 година, со наредба на претседателот Рузвелт, Вилијам Ј. Донован од Њујорк бил именуван за координатор на информациите (Coordinator of information - COI) и за раководител на новата цивилна служба во рамките на Белата куќа, со единствена цел - да го среди „метежот“ меѓу разузнавачките служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа ги саботира обидите на авторитетите да го средат хаосот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Првото правило на секој закон-и-ред систем е да ги тривијализира-демонизира опасните поими како што се Јас, Индивидуални цели и Индивидуално знаење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Да го средиме нашиот убав дом, - рече другото.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)