Остро студенило болежливо ја пронижува, и го стресува целото тело.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мачорот стоеше до трендафилот и го стресуваше снегот од грбот, што се одрона врз него кога скокна.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Грч на болка го стресува целото тело, затреперува белото брадиче, танките усни, што ги разјала треската, испуштаат тивко, одвај чујно липање.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Уште еден грч го стресува телото, се слуша воздишка и очите почнаваат да добиваат боја на матно стакло. И такви остануваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)