Таа ми го тутна в раце и ми ги зеде парите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Ќе ти го тутнат пред тебе како кип и ќе ти речат: ова е тој.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш другиот му го подаде револверот, скоро му го тутна в рака.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Првин му беше наредено да каже кај ги сокрил парите што ги собрал божем за ѕидање црква; Кај мене се, бргу, рече: извади од пазувите едно кожено кесе и му го тутна в нозе на Ибрахим бег Јаузоски; Сите земи ги, бегу, викаше, само не оставај да ме понижат ајдутиве.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Разметуваше годинава една пуста куќа, в година друга и така го тутнеше векот на „вересија".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го подигна високо петелот со намерение да го видат и другите и ми го тутна в лице.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)