Така, јасно му стави до знаење дека оваа битка не ја бива, дека останал без сојузници и дека не успеал навреме да го угасне огнот што сега беше надвор од контрола.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А кога ќе ја налутеше, носеше сè пред себе, матна, разбранувана, можеше со само еден потег да го поклопи и да го угасне.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Григор го пали конецот, и веднаш почнува да дува за да го угасне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Водата лазеше по земјата и само одвреме-навреме се излеваше налево, надесно, кружеше околу Огнот, но само за да не го угасне, а тој беше толку важен со своите портокалови јазици, во висина јакнеше и беше убеден дека Водата се плаши од него.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Не дозволувам да го угаснеш она што свети и блеска во тебе и те прави недостижна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, дури си отишол да го угаснеш, него веќе го преболело.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)