Еднаш му ја искинала гуната на поп Трајка кога се враќал од гробишта дома, другпат го укасала Црневото дете, трет — ја исплашила Улевата невеста и; сиромашката, си фрлила машко дете од шест месеци; та дури и панталоните на ќатипот му ги „закрпила" кога врвеле со Колобана крај Сукаловата мала врата да се прошетаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И знајеќи дека таму кај што има борачка има и плачка, и знаејќи дека таму кај што се собрале Арнаути има и кавги кои секогаш со лошо завршуваат за христијаните, ги одведе потковичаните на ан кај Стомнаровци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)