За кого да мислам сега? Стојам победен, свалкан пред скорните на оној што требаше да го уплашам и уништам.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега, ова писмо, сосем го уплаши...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ненавикнат таа да го гледа, нејзиниот поглед го уплаши, така што моментално ја заврте главата налево, небаре коњска мува го касна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ова прашање на адвокатот го збуни Хелвиг. Го уплаши. Тој молчеше подолго време.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Тоа, моќта Симиќева, воопшто не го уплаши, го загрижи рамнодушноста на делениците: како Имотот да беше само негов, Максимов, а не и нивни, па во еден миг, во часот кога премина мајка му, сосема се обескуражи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Марија не беше сигурна дали не го уплаши новонастанатата ситуација. Синот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)