го (зам.) - употреби (гл.)

Кога ја напушти татковата соба, мајка ми несетум го остави на масата последниот златен наполеон, што го имаше добиено од својот одамна умрен свекор, да го чува за да го употреби во зловреме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беспомошно замолче изгледајќи како човек кој ништо не разбира, кој не знае зошто дошол ваму, а уште помалку умее да го употреби слушнатото.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој, претпоставувам, во главата веќе го склопувал својот текст, а јас ги претресував своите реминисценции обидувајќи се да сфатам што го наведе да го употреби оној збор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Маргина 35 49 Hildegard Brenner “УМЕТНОСТА И ПОЛИТИКАТА” енциклопедиска одредница На националсоцијализмот му припаѓа сомнителната заслуга: тој ја осозна социјалната активност на “уметноста” и направи единствен обид во историјата на модерното раководење со државата, подрачјето на уметноста техно-владеачки да го искористи, односно да го употреби за сопствени цели.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ѝ се предадов на стихијата да го запишувам или поточно - само да го запишувам она кое се корнеше од мене во околности (се срамувам од зборот што ќе го употребам) - на неподносливи страдања, на стравотни болки во коските.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На крајот, откако ја вкуси подносливата каша за утредента, Мајка отиде на спиење, со мислата дека сепак не е дојдено вистинското време за да го употреби златникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се разбира, додадов дека тоа е и нејзина желба, се разбира во колку јас, или ние (додадов) не одлучиме поинаку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа се насмевна на мојата забелешка и побрза да ми објасни дека овој збор го употребила само како замена за оние, другине, кои звучат можеби повистински но затоа пак и се чинат погрди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го употреби вчера, како коментар на оној мој предлог, мајка ми да ја погребеме ние двајцата со две-три момчиња што ќе ни помогнат да ја качиме на ридон.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Истово и го бев забележал и на мајка ми кога за првпат го употреби овој збор во нејзиниот израз дека и наближил часот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Имаше систем во импровизацијата – ја исправаше тета Дитка од терасата, каде што го следеше „Дебатниот новинарски клуб“: - Односно, умееше да го употреби занесот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во желбата што ја дупна со средниот прст од левата рака, откако ја праша дали има врска кој прст ќе го употреби, таа виде нова жена, нова љубов во неговиот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Застана така за да биде готов секој миг да го употреби ножот и - отвори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Спокојната и упорна решеност на Глигор да го употреби својот живот за постигање на идеалот што беше некогаш највисок врв на кој требаше да слета и Арсо, му се чинеше само неостварен и никогаш неостварлив сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ајде да се качиме горе, утре е пазарен ден, движење, врева, бркотници и со динамит да пробиваме никој нема да нѐ чуе. Целиот ден ќе го употребиме околу цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И животот ќе го употребиме пак за онаа цел... - Во овој смдрлив кауш, смешно!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пушкомитралез-џабе Германците го имаа, кога не знаеа да го употребат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На пример, ако симптоматичниот пациент го употреби зборот “неблагодарен” три пати во различни реченици, терапевтот може да праша: Што значи “неблагодарност”?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во таа смисла, на крајот од Маргина 36 169 Постмодернистичкото знаење Лиотар се залага на јавноста да ѝ се овозможи „слободен пристап” до податочните банки и се надева дека разни групи би можеле материјалот, згрижен поради униформна контрола, да го употребат за некои други, сосема поинакви цели.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фукујама за прв пат го употреби терминов за да ја означи глобализацијата како постепен триумф на „Западните вредности”, западниот поглед на свет, консумеризмот, итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не беше сигурен дека ќе го употреби жилетот, дури и ако му се укаже можност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа знаеше да го прави тоа, сочувствувајќи со мојата несреќа (јас никогаш за ситуацијата во која бев не го употребив зборот несреќа, тоа еднаш го рече Деница и таа беше во право).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ама, запомни го и овој мој совет: кога ќе сакаш врз некого да се потпреш и да го употребиш, немој да го земаш на ум само она што го знаеш за него од порано: човекот може се изменил: зашто телото на синот човечки се менува постојано, небаре од една состојба во друга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или дедото Шишко сосема се грижел за мојата исхрана па она што сум го имал стиснато меѓу дланките сум можел да го употребам и за таков луксуз!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мојата намера беше да го употребам во строгата, тредиционална, Европска смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мит го употреби филозофскиот термин “присутност” за наслов на своето ново ВР-списание.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка, останувајќи верна на неговата желба, вистински ќе го употреби златникот, десет години подоцна, во градот крај реката, кога Татко, со него, ќе ја купи првата козичка, во времето на големиот глад и на немаштијата кои им се закануваа на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Докторот го употреби зборот „супурација”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
-Требаше и ти да го употребиш прстот! Тогаш ќе бев посигурна за кого прашуваш - се смееше таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев малку заскитан. Или, ајде да го употребиме вистинскиот збор, се чувствував загубен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таа без да погледнува кон мене продолжи со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност го употреби токму тој израз: Јас протестирам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во овие записи без детализирања, дури и без истакнат личен однос богобојазливиот запишувач за случувањата што се предмет на нашиот интерес беше го употребил впечатливиот термин наезди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Свето е збор што досега никогаш не сум го употребил, но ете така се чувствував заробен во сиот тој метеж.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Значи, приказната е сосема јасна: некој кој има желба неговиот производ да се види во филм за кој претпоставува дека ќе биде хит или дека ѝ се обраќа на иста целна група, го бара режисерот и го убедува во некој кадар главниот актер или актерка, на некој начин, да го употребат производот за кој станува збор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Понекогаш е доволно само производот да се даде на користење, без некоја посебна парична надокнада Сѐ на сѐ, методата е проверена, силна и едноставна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа се предупредувало, во случај разговорите да продолжат, дека би можело да се случи Британците да бидат ставени во позиција да го употребат своето вето на една таква комбинација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За миг сноп светлина ѝ се задржа на купчето интимни влакна преклопени од отокот на нејзиниот стомак, па речиси срамежливо тргна надолу по нозете и тогаш сите цајкани погледнаа во нас, посебно во тебе, а ти си го стегна ќебето како да се плашеше дека ќе го конфискуваат како доказ или ќе го употребат како покривка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога амбулантната кола пристигна, еден од црните болничари веднаш го допре стетоскопот до надуениот стомак на жената и објави, „Го удавила и бебето.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ме чека друштвото. Одиме вечер на забава, - и мина со прсти низ косата, која убаво му паѓаше врз челото, а од страните му беше залепена од желето што го употребил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Реши уводно и рамковно да го употреби Никола Толевски.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бил прескап нивниот динамит за да го употребат против грчките просветни институции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Смееш – одговорив, иако знаев дека брат ми ќе збесне од лутина кога ќе види, бидејќи атласот е негов, но го користам и јас понекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила го зеде црвеното моливче и пред да го употреби праша: - Смеам да шарам по картава?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)