Утредента гласникот отишол до занданите и овој мажетината му се појавил без услови да го утепа џинот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Но, сепак се освестил и рекол: - Слушај, ти давам три дни и три ноќи, во колку не се вратиш со главата на џинот, сите робови ќе бидат испоколени.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Пандета го утепаа, а Алексо ранет лежи, на фашисти гордо вели: „Убите ме, в кучина, другарите ќе ви платат!
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Си го утепав најдобриот пријател. Ќе ме пријавите?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Еден ден се боревме и почувствував дека се заборавил во жарот на борењето, ја зеде машата, а јас избегав зад еден плет, тој удри во плетот, дотрча мајка ми и му свика: Што стори бре, Тасе! а тој – Остави Ристено, ќе си го утепав детето, цел ден немам тутун и таков сум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Море тој ми испил три илјади гроша Кога дојдов у Канада и прв пут решив да купам алкохол за да го утепам првичниот печалбарски шок, некој ми кажа: „Кај што се продава пиво – нема вино, а кај шо се продава виски - има пиво”.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)