Се слушна дека некој од партизанските големци го јава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се фатил Итар Пејо за глава, пак слегол од магарето што го јавал, ја ничкосал главата и почнал да плаче, вика, туфка, аман Господи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ете таков бил Итар Пејо. Тој знаел да брои ама не му текнувало оти магарето што го јавал не го броел.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Сега ќе ги земам. нема зошто да ти го јаваат грбот.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во својот живот, некогаш како дете, тој беше го јавал само магарето на дедо си.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Зошто не му го дадеш коњот, да не оди пеш?, велам јас. Ех, зар Методија да го јава мојот коњ!, вели.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Заспа доцна и сонуваше како го јава својот бел коњ, кого што тој пред неколку години го натовари самиот со качмите и со плугот и го однесе во задружните тремови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сеедно, оние двајца и да станале, без љубопитност за одамнешните судбини да го оставеле, тој ќе продолжел да преде со атрофираниот баритон за лично задоволство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Исповедал други, ќе се исповеда и себеси, ќе се ослободи од тежина што го јавала триесет и една година, значи од смртта на деведесетпеттодишниот Лозан Перуника, потоа ќе појде утре со пленетиот машингевер кон слава од која огнено ќе прснат легенди и идни спомени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бреза и Борче, кој сега е во прво одделение, најмногу сакаат да го јават и тој се согласува без збор да оди на четири нозе низ собата, полека, како слон.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Познато е од грчката митологија кога Белерофон го заробил Пегаз и го јавал во многу свои походи, но кога се обидел крилестиот коњ да го јава кон небото бил отфрлен и убиен, а Пегаз останал на небото како дел од некое соѕвездие...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но и тој ја доживеа судбината на другите... - дополни Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Значи не можел секој да го јава крилестиот Пегаз! - ја прифатив смислата на метафората.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Навистина, наше Маре е една од најличните; веројатно ширела убаво чувство додека го јавала белиот коњ - беше рекол еден од селаните заборавајќи ги коментарите што ги изрече час порано во врска со заечката нога. – Таква убавица да клајш на чело на колоната е најголемата пофалба на победата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Знаете, едно пони многу добро го знае својот јавач и не беше невообичаено што кафеавите понија на пасиштата и оние во шталите, му се потсмеваа на Семовото пони затоа што го јаваше свирач на гитара, а не некој весел, вистински каубој од глава до петици кој пцуе.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па дури и еден ескалатор во трговските центри, можеше да биде извинет затоа што сопнал некој трубадур.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И пак ти велам: Овој коњ поарно би го јавал, отколку секој друг!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Александар: Овој коњ поарно би го јавал отколку секој друг!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
- Александар: „Каков коњ сакаат да загубат само затоа што поради незнаење и страв не можат да го јаваат!“
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Што беше тоа писание само мртовци да пренесува магарето. Само мртви да го јаваат децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)