Врви си по патот, лудо, море. Мене не задевај! Ајде, лудо младо, море, Крши си го вратот!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Назад во својот стан тој брзо помина покрај телекранот и седна повторно покрај масата, и понатаму триејќи си го вратот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Големо јунаштво, ако заколете една испустена жена, велам, ајде, колете, еве ви го вратот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пресечи ѝ го вратот и фрли ја дури онаму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Излезе неколку чекора напред, застана со подрасчекорени нозе, ја крена главата издолжувајќи го вратот и бидејќи снизок, малечок, изгледа како петел на буниште.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Не така, вели Григор, туку фати го за уши и тргни му ја, нагоре, главата. Истргај му го вратот, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но се заинати жена. Запна: — Ако не ми кажеш кој се, ниту месам, ниту печам; па ако сакаш тука на прагот пресечи ми го вратот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)