Нѐ открија и веднаш го известија Буза. Значи, свршено е сѐ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Токму кога тоа го наредуваше – беше мирно утро кон крајот на летото – му ја донесоа молбата на еден млад и учен цариградски муалим, кој беше родум од Босна, инаку многу надарен за пишување убави стихови и кого везирот одвреме навреме го даруваше и му помагаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште наредниот ден изутрината го известија везирот за смртта на градителот и му ги предадоа преостанатите сметки и нацрти на мостот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)