Кога дојде софрата за ставање, Доста стана, го зеде ѓумот и леанот од под ковчег, и, ни пет ни шест, по сиот домаќински ред и адет им тури вода на рацете на машките, ја зеде софрата; а да не поткрева веднаш во ноќвите, ѝ вели на Митра, која тукушто ја извади тавата од оганот: — Дај ми а, сестрице Митро, тавата, отвори го ковчегот и клади леб на синиата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Отвори го ковчегот и запиши сѐ што е во него, ми рекоа а јас стоев и ги слушав како буричкаат по секакви отпадоци зад мене и се закашлуваат од прав и тешки мириси што се закачуваа со лепливи шепи за нивните ноздри и бараа пат кон грлото, кон дробовите, кон многубројното дно на ковчегот од човечко месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Еве ти го ковчегот со алишчата. Носи, пери, што знаиш прави, само тиа твојте далеку, далеку да и исфрлиш, да не ме потсетуат на твоата голотиа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)