го (зам.) - мина (имн.)

Татко, веројатно, стигна до оваа точка на животот носен од крилјата на својата мајка која најголемиот дел од животот го мина на брегот од Езерото, во лет во место, сакајќи да го втаса семејното јато, одамна одлетано кон бреговите на Босфор, кон Измир и кон Анадолија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се упати кон Судот. Го мина Дрвениот мост, запре пред Театарот, граден во псевдокласичен стил, со форми на задоцнет барок, што живо им се спротивставуваа на архитектурите на исламските и на православните храмови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потсетувајќи се на Мајка, тој, внимателно, го мина прагот со десната нога.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Однатре некој праша: - Кој е?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце влезе во портата на една куќа, го мина дворот, се искачи по скалите и застана пред една врата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Денот го мина дома чистејќи го подот од ѓубре и собирајќи ги паричките од 10 фенинзи со кои заедно со неговиот пријател сликар играа фанта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше чудно молчалив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Целото свое војникување го мина на бродот всидрен во пристаништето. Ретко излегуваше во град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Детството го мина меѓу Албанија и Грција, родното Лесковик, Солун и Јанина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Роден 1925-та година во семејство кое традиционално имало десничарски политички уверувања, Делез целиот живот го мина како левичар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Што к'смет имала и таа? Што не си ја скрши ногата кога го мина овој праг?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Возејќи еден стар мерцедес, постариот син на татковиот брат, кој настрада во сталинистичките чистки, запре на местото каде што беше некогашната капија на воената балканска граница, вистинскиот балкански ѕид, што го мина мајка ми по враќањето од Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Братучедот ја запре колата и ми рече: Ова се ознаките на вратата на пеколот! Тука беше ѕидот- граница!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа книга за мене станува вистинско откровение.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Останав со впечаток дека Жената не пројави интерес дури ни за патот што го мина пивото од косата на Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Трајче го мина мостот. Ушите го болеа и му бучеа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кревки беа моите спомени за мојата турска баба кога ја видов пред педесет години, кога го мина Езерото, границата, по своето последно патување во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, Мајка мина од другата страна на балканската граница, го мина големиот балкански ѕид... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дојде, кутрата, на за­копот на нашиот најстар брат, само така можеше да ја добие црвената виза за да го мине балканскиот ѕид кој Мајка го мина со иста таква виза, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)