- Повела да имаш, синко, - ќе речеше дедо ми, земајќи го пагурчето со ракија.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
МАРА: И, како било, да ти дадеме. Досега пиеја маживе пак рекоа да го фрлам, да побрзаат да каснат пак да излегуваме. Кате, донеси го пагурчето!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МИТРЕ: Митрејце, донеси го пагурчето ракија да се напиеме со Котета. (Прави цигара и му ја дава кутијата на Котета).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Ним сигурно разговорот не им беше завршен зашто додека јас се токмев да седнам што поблиску до нив за да ги слушам што зборуваат, дедо ми ми рече: - Земи го пагурчето со ракија и оди, однеси му го на Даскалот. Се дупна од работа тој...
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)