Јас со она пушката од рамо само додека минуваше крај долката, од која го скорна првиот пат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Појде кај татка си, го скорна да жнијат оти одамна почиваат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Утредента клепалото го скорна и Толета со сите други.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)