Во топотот на коњските копита, сѐ додека трае викањето, како ехо се повторува и пронижува викот, сеејќи го стравот и ужасот: колат, бесат, силуваат, пљачкаат, палат, убиваат! Бегајте!!! Бегајте!!! Бегајте!!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)