Тоа го пра- ват со надеж дека можеби работите во иднина ќе се променат на подобро, а во меѓувреме сериозно размислуваат за формирање на вистински независен синдикат преку кој ќе се борат за своите работнички права. *** Случајот на Ѓорѓиевски е вреден за одбележување поради не- колку аспекти. 94 Прво, тој јасно покажува како една странска директна ин- вестиција нужно не мора да значи течење „мед и млеко“ за ра- ботниците, како што тоа упорно го пропагираат апологетите на неолиберализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, голем дел од вработените, свесни за овие игри на газ- дите, не се откажуваат од претходниот синдикат и доброволно продолжуваат да ја уплаќаат членарината на сметката на Агро- синдикатот, иако односот на раководството на ССМ и во овој период останува игнорантски кон нивните проблеми.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)