Ја зафрли главата наназад покажувајќи му го долгиот бел врат, зафрлувајќи го настрана праменот што постојано ѝ паѓаше преку едното око.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)