Албанскиот полиграф ќе соработува во книжевното списание на Аполинер „Гозбата на Езоп” под псевдоним и на француски јазик, во духот и стилот на тогашните европски авангардни автори, вложувајќи го другиот дел на својата личност во написи под вистинското име во прилог на албанската преродба.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Барајќи го другиот, тие пак се качиле во домот на Мишел и клетиот човек го нашле како, облечен во престилка и со чинија и салата в раце, се преправа дека е готвач на француското семејство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- И да се галиме, да се лигавиме, да се стискаме и да се плеткаме, како секој да си го бара својот дел кај другиот, а присвојувајќи си го другиот како својот? - Многу точно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега се заканува трибализмот, или мислењето од стојалиште на припадност на племето, значи, тенденција кон егоизам и волја да се дефинираме порекнувајќи го другиот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)