го (зам.) - платив (прид.)

- Јас го платив орото, а не тој!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас кај мене зедов работници да ископаат и да пуштат цевки од главниот канал до куќата и платив водоинсталатер, го платив Ацета Ружин од Лерна, да ми спроведе вода во куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И му го платив, му го купив.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Инаку, пред тоа јас за него секогаш бев - ништо. Малечок...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сепак, јас скапо си го платив почитувањето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Требало главата да ми ја расчука, па да ме почитува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Ами и јас скапо им го платив! - му се пофали Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа го знам денес, но ова сознание го платив со тригодишно залудно студирање, свесен за фактот дека ќе стекнам глас на безделник, згора на сè за тоа отиде и целото наследство, но оттогаш помина многу време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Животниот век на моите планови се смалуваше толку брзо што на крајот тие се претворија во кратки, мимолетни мисли што не можев дури и никому да му ги објаснам, затоа што не ми беа јасни ни мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)