Паша Емиљевич можеше да прождере два килограми сардини одеднаш, што еднаш тој и го стори, оставајќи го целиот дом без ручек.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тие од домот крадеа сѐ што не успеваше да го украде Алхен.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Прогласувајќи го целото население за морално одговорно за динамитната акција, тие масовно го праќале во краевите од каде што тоа во минатото било преселено во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Земи го целото, ми вели тој.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)