По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море луѓе, кој се ниа сега одозгора? — се слушна еден глас.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Боже, кога сум викнала, што се вели, кога сум пуштила еден глас: — Маноооол!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Еден сон што го сонував. Сонував дека сѐ ќе заврши, и еден глас што вели дека сѐ е готово; не некаков глас на кој би можел да се присетам, туку онака, глас, и ми вели како тука на земјата сѐ ќе застане.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)