еден (зам.) - облак (имн.)

Живеејќи во свет во кој партијата беше „Бог и батина“ никој не помислуваше дека еден дедо со исклучителна блажена фаца, со очи од кои зрачи добрина, еден облак во црвен плиш може да биде помоќен од партиските џивџани.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сонцето излегува од еден облак зад него и, ко топла струја ми поминува по снагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние бевме навистина посебни. Ептен посебни. Искрено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ден потоа не можев да прозборам; два дена потоа се расплакав само поради тоа што сонцето замина зад еден облак; една недела потоа добив менструални болки, напнатост, осип и сѐ тоа три недели порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)