еден (зам.) - поп (имн.)

Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало ...
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Клекна крај него и намигна во мракот. „Клинец, можеш ли да ја викнеш Јана од дома?“ „Зошто да ја викнам?“ праша детето. „Кој си ти?“ „Еден поп“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
(Излегува Евто. Влегува Остоиќ.) ОСТОИЌ: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, му направил споменик, на споменикот пишувало, си бил еден Киро, добил „благодејание”, бил српски учител, била српско-турска војна, Турците го затвориле, сега е турски џандар. Каде се парите за поправка на покривот?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Влези и речи ѝ: те вика еден поп, Јано.“ „Што ќе ми дадеш ако ја викнам?“ се потргна недоверливо детето од него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)