„Ова е како театарска сцена,“ рече брат ми. „Или како циркуска арена,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се поткачивме на скалите од влезот во зградата на болницата, и така можевме убаво да видиме што се случува во централниот дел од паркот: таму десетина луѓе јаваа огромна риба направена од перници зашиени една за друга, и извикуваа: „Летаме! Летамееее!“, таму една старица држеше стаклено чевличе и прашуваше: „А каде е принцот, да провери дека ова чевличе му прилега како излеано на моето ноџе?“, таму во занес една старица и еден старец со огромни пеперуткини криља потцупнуваа де на едната, де на другата нога.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вознемирените очи на Рози бараа во лицето на Кети да најдат знак дека она што Милан го зборуваше се само фантазии на еден старец, но во благородното лице на Кети, во нејзините очи, прочита потврдување на сето она што го кажуваше Милан.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Излезе пред него еден старец и, ни пет ни шест, му рече: - Малчо, кажи која желба сакаш да ти ја исполнам!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)