Светот е круг, врз тој круг лежи светлина. Надвор од тој круг, зад студените рабови на испраќањето на денот, се постилал еден поинаков свет чија распливнатост се вообликувала само ноќе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Набргу надвор се слушнаа тешки чекори, покрај нив и уште едни поинакви.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Страв? се чуделе со арамиска исклештеност. Под нивните модри брчки се криеле закани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас ја сакав Ина на еден поинаков, сосема подруг начин од Луција: ја сакав како мој спасител.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)