Еден руски патешественик, по име Виктор Григоровиќ, професор од Казан многу се изненади кога виде славјански книги во Охрид, во моето родно место Струга, во Преспа и др. затоа што тукашните славјани не им биле познати на европејските народи, туку од нивна страна биле сметани за некаков друг народ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше дури и еврејски сефардски семејства, имаше едно ерменско семејство на музичари, имаше и едно руско семејство, спасено од Октомвриската револуција, имаше неколку турски семејства, имаше неколку семејства од Егејска Македонија, тука беше нашето албанско семејство, среде многубројното македонско население, во оваа мала Козарска република.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)