им (зам.) - бара (гл.)

Која душа ќе запиња невести да им бара?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Посебно, според Мекдоналд, Видое Смилевски-Бато “не им дозволувал на членовите на мисијата да разговараат со селаните и дури им барал дозвола за влегување во земјата, која дозвола мисијата не ја поседувала“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Зар на нови чевли ќе им бара некој мана!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Војникот не им бараше никаков одговор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Мора многу да им бара штом волку вриштат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ете, сето наше либерално општество немаше да биде ниту возможно ниту вака убаво да не им бараше душичката на тие девојчиња, Господ здравје да им даде ако се уште живи!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
не се трае за јадење, некои и по три пати во денот го менуваат името и ги тепаат децата за да плачат: кога плачат не им бараат јадење, забораваат дека им се јаде, ако продолжи оваа сиромаштија, велат луѓето, не ќе ги познаваме и парите, ќе заборавиме која колку е и од колку е,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почна да им ги толкува соништата на луѓето, да им куша, да им бае, да им бара чаре за сето она што ги мачи и боли во душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)